НЕМАЛ ЕДНА НОГА, АМА ГО СМЕСТИЛЕ НА ТРЕТ КАТ!? Осуденик со години се мачел во штипскиот затвор

Откако реагирал Правобранителот, затворската управата го преместила осуденикот на приземје, ама во кревет на кат, и тоа горниот!?

177

Затвореник на возраст од околу 70 години, со ампутирана десна нога, подолг период бил сместен на третиот кат во Казнено-поправната установа (КПУ) во Штип, па бил принуден секојдневно да се качува и да се симнува по скали со големи тешкотии.

Затвореникот се пожалил кај Народниот правобранител, па по реакција од таму, затворската управа го сместила во соба на приземје, но му определила кревет на кат, и тоа горниот. По реакција на омбудсманот и тоа било корегирано.






Затвореникот се пожалил и дека Управата го праќа на лекарски контроли во Кочани, каде му била ампутирана ногата, а не во Штип, иако е поблиску, пишува порталот Сдк.мк.

Поврзани содржини