НЕМАА КОГО, ПА ТАЧИ И СЕЛА ИМ СЕ НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИ Муцунски оцени дека ДУИ има проблем со кадровска понуда
Актуелното раководство на ДУИ е синоним за криминал и корупција веќе подолги години наназад и актуелното раководство на ДУИ не треба да има никаква позиција о било која идна влада која што би се формирала. И затоа, добро е и во интерес на ДУИ како партија, бидејќи таа партија не е 5, 10, 15 луѓе кои што раководат со нејзе туку има и цела структура, голем дел од нив кои се веројатно чесни и одговорни луѓе си ја сакаат оваа држава, сакаат оваа држава да успее и за тие чесни членови на ДУИ, добро е нивната партија да замине во опозиција, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во денешното гостување во централниот дневник на Алсат М телевизија.
– Ние не се занимаваме со ДУИ, но се занимаваме со темата на корупција која на сите анкети, посебно кај тие над 70% од граѓаните кои што велат дека се апсолутно разочарани од начинот во којшто се движи државата, огромно мнозинство од тие велат дека најголем проблем во Македонија, покрај економската состојба, е состојбата со криминалот и со корупцијата. И кога ДУИ ви е апсолутен извор на тој криминал и на таа корупција, нормално е да се каже дека на таа партија, во овој момент, и на тие луѓе во овој момент местото не им е во идна влада која што ќе треба, меѓу другото, реформски да се зафати токму со решавање на предизвикот во државата во овој момент – рече Муцунски.
Тој е длабоко убеден дека нема да има коалиција со ДУИ после изборите, затоа што тоа што го гледа и на терен и на анкетите на јавното мислење, убеден е дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со субјектите кои што ја сочинуваат албанската опозиција, ќе има можност да ја формира следната влада.
Муцунски додаде дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ ноќта на парламентарните избори ќе биде доста комотна и, практично, ќе бидате во ситуација д имаат избор врз основа на принципи и добра кадровска понуда кој ќе биде дел од заедничката идна влада.
Муцунски додаде дека ДУИ немаат кадровски потенцијал којшто можат да го понуди на овој изборен циклус и тоа се гледа од листите за пратеници, како во петтата изборна единица, каде дури и носители на листите се лица како Зијадин Села и Мендух Тачи, кои немаат допирна точка си ДУИ.
– Во изборна едница еден носител на ДУИ е личност којшто не е од најголема општина од каде што се очекува да црпи гласови, што значи ДУИ се има откажано од Чаир, во изборна едница шест, фронтмен од Тетово на ДУИ е Мендух Тачи, човек којшто не е ни од ДУИ. Во изборна единица пет, фронтмен на коалицијата на ДУИ е Зијадин Села. Значи, ДУИ нема кардовска понуда во моментов за да привлече гласови ниту во Тетово, ниту во Чаир, ниту во Струга. Тоа кажува дека се работи за партија која што има сериозни внатрешни предизвици и гласачите гласаат врз основа на кадровска понуда и гласачите гласаат врз основа на програмска определба – рече Муцунски.