НЕМА ЗСО, НЕМА ДОГОВОР Лајчак се надева на вин-вин за Белград и Приштина во Охрид

Целта не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата, изјави Лајчак.

259

Доколку нема ЗСО, нема ни договор, посочи специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу  Приштина и Белград, Мирослав Лајчак во интервју за емисијата „Око“ на српската радиотелевизија, пренесува Данас.

– Целта не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата – изјави Лајчак.






Според него предлогот на ЕУ зборува за нормализација, а не за некаква капитулација. Тој потсети дека средбата во Охрид има за цел страните да се договорат околу исполнувањето и во моментот имаат поддршка од ЕУ каква што не се памети во минатото.

Лајчак денеска ќе ги продолжи разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ и со дел опозицијата во земјата.

Поврзани содржини