НЕМА ЗАСТОЈ ВО ИСПЛАТАТА НА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО Димитриеска Кочоска вели дека можеби има индивидуални случаи каде исплатата доцни

Министерката за финансии објасни дека треба да се гледаат родилките кои се во системот подолг период , а не оние кои се породиле овој месец, са да се види дали се доцни со исплатата.

0

Министерката за финансии Гордан Димитриеска Кочоска тврди дека нема застој во исплатата на парите за породилно отсуство и затоа, како што рече, нема потреба тие да се планираат во рамки на прераспределбата на средства меѓу буџетските корисници.

Таа рече дека не знае дека се доцни за породилно два месеци, ниту, пак, има информација за тоа.






-Напротив ФЗОМ секогаш дава приоритет на исплата на овие средства. Вие велите се доцни, јас немам таква информација. Треба да најдеме и да докажеме меѓутоа со исплати на сметка, затоа што секогаш некој може да каже дека на него лично нешто му се случува. Можеби некоја родилка тукушто се породила и трае процедурата додека да се средат документите, па ќе излезе дека се доцни месец или два. Да ги видиме оние другите коишто се во систем, па да видиме дали доцни или не. Така што не можам да се согласам со тој дел дека имаме задоцнување. Зошто ја правиме прераспределбата – повторно кажувам се случува како резултат на тоа што некои ставки гледаме дека нема да се реализираат до крајот од годината и дополнуваме таму каде што има потреба – рече Димитриеска Кочоска.

Во однос на прераспределуваат парите кај буџетските корисници, Димитриеска Кочоска рече дека е тоа вообичаена пракса и нешто што се случува во континуитет и додаде дека дел од средствата од прераспредалбата ќе одат за Бехтел и Енка.

Кај Министерството за одбрана, како што рече, има прераспределба во рамки на нивниот постоечки буџет и не им се одземаат пари за исплата за пензија.

-Пензиите се земени од други стапки, не се од Министерството за одбрана – рече Димитриеска Кочоска.

 

Поврзани содржини