Нема заболени од ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

208

Нема ниту едно вработено лице заболено од ковид-19 во објектите на детската градинка „Младост”, соопштија од Општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени. 

– Заврши тестирањето на вработените и наставниците од сите градинки во состав на ОЈУГД „Младост“ во ТетовоЗа среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за ковид-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамки на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава, соопштија од општина Тетово.






Како една од превентивните мерки, установата од 1 јуни започна со електронско поднесување на барањата за упис на нови дечиња во градинките. 

Скринингот за вработените во градинките започна на 26 мај.

Поврзани содржини