🎥 НЕМА ЗА НЕГО МАШКО-ЖЕНСКО Бонучи „покоси“ фудбалерка на хуманитарен натпревар

Неговиот бескомпромисен старт врз Хоутон предизвика момент на тензија на теренот, но и бурна реакција од трибините – дел од публиката негодуваше и свиреше, додека судијата реши да не досуди прекршок и играта продолжи.

569

На традиционалниот хуманитарен натпревар „Soccer Aid“ кој се одигра на легендарниот стадион „Олд Трафорд“, поранешниот италијански репрезентативец Леонардо Бонучи се најде во центарот на вниманието поради несекојдневен потег – остар старт со двете нозе врз англиската фудбалерка Стеф Хоутон.

Натпреварот, кој ги соочи поранешните англиски репрезентативци со тимот составен од „остатокот од светот“, традиционално се игра во ревијален дух, но Бонучи се чини дека накратко заборави на природата на мечот и реагираше како да е во жарот на професионална средба.






Неговиот бескомпромисен старт врз Хоутон предизвика момент на тензија на теренот, но и бурна реакција од трибините – дел од публиката негодуваше и свиреше, додека судијата реши да не досуди прекршок и играта продолжи.

И покрај инцидентот, натпреварот ја исполни својата главна цел – собирање средства за поддршка на програмите на УНИЦЕФ. Организаторите објавија дека ова издание на „Soccer Aid“ собра рекорден износ од 18 милиони евра, што е највисока сума досега од основањето на манифестацијата во 2006 година по иницијатива на британскиот музичар Роби Вилијамс.

Со вакви хуманитарни настани, фудбалот уште еднаш покажа дека има сила не само да обедини навивачи од целиот свет, туку и да придонесе за благородни цели, и покрај повремените исклучоци во духот на играта.

Поврзани содржини