НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД, ЗАЕВ СИ ОДИ ВО ДЕКЕМВРИ До петок се чекаат предлозите за мандатар

Како што дознаваме, премиерот на вчерашната средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство бил мошне категоричен во ставот дека „нема враќање назад “ и ги повикал парнтерите да се договорат за нов мандатар и најдоцна до петок да излезат со предлози.

9,553

Ниту Али Ахмети, коалицискиот партнер, ниту било кој од досегашните партнери и блиски луѓе на Заев не успеале да го предомислат премиерот во оставка да ја смени одлуката за повлекување од премиерската функција, откако тој ја загуби битката за локалната власт.

Како што дознаваме, премиерот на вчерашната средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство бил мошне категоричен во ставот дека „нема враќање назад “ и ги повикал партнерите да се договорат за нов мандатар и најдоцна до петок да излезат со предлози.






Дознаваме дека тој оставката најверојатно нема да ја достави веднаш во парламентот, туку дека прво имал план да ја истера работата со македонските евроинтеграции по 12 позитивни препораки од Европската комисија, а дури кон крајот на декември, откако ќе се одржи Самитот на лидери на ЕУ каде се очекуваат клучни одлуки, да ја депонира својата оставка во Собранието.

Заев на средбата, како што дознаваме, наводно соопштил оптимистички вести дека Бугарија ќе го симне ветото и дека конечно ќе зарши агонијата во европската чекалница за почеток на преговорите со ЕУ.

Коалициските партнери изразиле и загриженост поради тоа што со оставката на Заев останува отворено прашањето за стабилноста на параментарното мнозинство со новиот мандатар затоа што очекувано е дека комбинаториките и преговорите за нова влада можат да го оптеретат целиот процес. Во една таква зовриена атмосфера, тешко дека некој ќе може да гарантира дека ќе се одржи стабилноста на  парламентарното мнозинство.

Ваквите наговестувања предизвикале, како што дознаваме загриженст кај сите присутни, но сепак на крај се договориле процесот да врви – прво да падне договор за мандатар, кој ќе биде прифатлив за сите. Токму во тој контекст, се очекува да продолжат консултациите.

Претходно, претседателите на ДОМ и на ЛДП кои на локланите избори настапија самостојно, Маја Морачанин и Горан Милевска, потврдија дека остануваат дел од коалцијата и нагласија дека се противат на предвремените избори исто како и претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Претседателот на ДПА, Мехдух Тачи, пак, не очекува да се случи „ништо драматично или позначајно“.

Во врска со прашањето за предвремени парламентарни избори било уште еднаш констатирано дека не ѝ се потребни на земјата и дека тоа би ја втурнало Македонија во политичка, економска, општествена и безбедносна криза и дека ќе ги закочат и процесите на европски интеграции, настрана што целата оваа тешка ситуација ја обременува пандемијата и енергетска криза.

Поврзани содржини