НЕМА ВООПШТО ДА ПРЕГОВАРАМЕ ЗА САНКЦИИ Гласно „не“ од Унгарија кон ЕУ за нафтата и за гасот

Сијарто додаде дека „главно погрешниот одговор на санкциите“ на руската воена кампања е еден од факторите што ја поттикнува инфлацијата и придонесува за глобалната рецесија.

1,096

„Ние не сме ни подготвени да преговараме за какви било енергетски санкции, било да е тоа за нафта или за гас “.

Вака изјави шефот на унгарското МНР, Петер Сијарто на економскиот форум во Тихани за санкциите кои ЕУ ги воведе за Москва. Тој доде дека „храброста на унгарската влада“ ѝ помогна на Будимпешта да го издржи притисокот од Брисел, јавува Мондо.






– Нема сигурност во снабдувањето со енергија за Европа без користење на руски извори  – рече Сијарто, тврдејќи дека рускиот гас не може да се замени во догледна иднина.

Министерот за надворешни работи додаде дека „главно погрешниот одговор на санкциите“ на руската воена кампања е еден од факторите што ја поттикнува инфлацијата и придонесува за глобалната рецесија.

Унгарија, чија економија е силно зависна од нафтата и гасот од Русија, беше изземена од забраната на руската нафта ширум ЕУ во мај. Унијата го забрани увозот на нафта по морски пат, но Унгарија продолжува да прима пратки преку гасоводот. Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец изјави дека Европа „сама си пукала во белите дробови“ со своите непромислени санкции против Русија.

Поврзани содржини