НАДВОР ОД РАЈОТ ПОРАДИ ГРАМАТИЧКА ГРЕШКА Илјадници верници погрешно крстени
Крштевањето е еден од најсветите христијански чинови, а поради грешка во крштевањто илјадници верници сега се сметаат за некрстени.
Илјадници крштевања во Аризона стануваат невалидни поради само еден свештеник и само една грешка во текстот на крштениците.
Свештеникот Андрес Аранго си даде оставка од својата позиција откако беше откриено дека ненамерно со години ја користел фразата „те кршетваме“ наместо „те крштевам“. Оваа навидум мала грешка значи дека илјадници луѓе кои биле крстени од свештеникот сега ќе мораат да ја повторат процедурата да се здобијат со статусот крстени пред католичката црква.
Ова е голем проблем, или не е, односно зависи од тоа дали верувате и во тоа дека починатите кои ако не се крстени нема да можат да влезат во Рајот. А во Рајот со фалц сертификат не се влегува. Но и на Земјата многу од верниците ќе имаат проблем затоа што за црковно склопување на брак треба двајцата сопружнии да се крстени. Со грешката многу од браковите ќе станат невалидни пред црквата.
Ова прашање стигна и до Ватикан, а беше одлучувано на истата седница кога се одлучуваше дали вакцините против ковид се морално прифатливи. Ватикан реши дека вакцините се во ред, но ако не се корисат точните зборови при крштевање тоа значи дека крштевањето не важи.
Аранго стигнал во САД од Бразил, а во католичката црква е свештеник од 1995.