Нема влез во оваа земја за невакцинираните, правило кое важи и за жителите и за странците

Обврската за покажување сертификати за вакцини може да се занемари во некои случаи, на пример, во случај на дипломатски и службени визи и за време на официјални посети на министерско ниво.

989

Индонезиските власти бараат странските посетители да бидат целосно вакцинирани против ковид-19, со цел да влезат во таа земја, во обид да се запре ширењето на вирусот ковид-19, пренесува британскиот весник Гардијан.

Шефот на индонезиската работна група за спречување на ширење на ковид-19, Ганип Варсито, во неделата изјави дека заклучно со 6 јули, и странците и индонезиските државјани кои влегуваат во земјата мора да покажат дигитален или физички доказ дека се целосно вакцинирани.






Обврската за покажување сертификати за вакцини може да се занемари во некои случаи, на пример, во случај на дипломатски и службени визи и за време на официјални посети на министерско ниво.

Индонезиската влада исто така го продолжи периодот на карантин за странските патници од пет на осум дена.

Во последните 24 часа, Индонезија регистрираше 27.233 нови случаи на коронавирус и 555 смртни случаи. Ова значи дека, од почетокот на пандемијата, вкупниот број на заразени во таа земја достигна 2.284.084 случаи, додека 60.582 лица починале.

Поврзани содржини