(ФОТО) НЕМА ВИЗА ЗА КОНТРОВЕРЗНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Рамиз Мерко и неговото семејство се најдoa на американската „црна листа“

Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот Метју Mилер се вели дека Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси.

725

Стејт департментот на САД реши градоначалникот на Струга Рамиз Мерко да го прогласи за непожелна личност за влез во САД „поради неговата вмешаност во значителна корупција“.

Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот Метју Mилер се вели дека Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси.






Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.

Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењење на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата, се вели во изјавата.

Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

Поврзани содржини