НЕМА ВЕЌЕ ТАЈНО БАНИРАЊЕ НА ТВИТЕР „Ако сте ставени во сенка, ќе бидете известени за тоа каде да се жалите“

Твитер работи на ажурирање на софтверот што ќе го прикаже вистинскиот статус на вашата сметка, за да знаете јасно дали сте банирани во сенка, причината зошто и како да поднесете жалба, кратко напиша Маск во четвртокот.

176

Ако сте банирани на Твитер, што би се рекло, ако вашиот профил е моментално во сенка и луѓето не можат да ги видат вашите објави, вие ќе бидете известени за тоа, за причината зошто сте биле банирани и каде можете да се жалите, пишува Фокс. Ова е најновата работа на која работи тимот на Илон Маск во компанијата за да го исправи она што стана јасно со објавувањето на „Датотеките на Твитер“ – каде се виде како социјалната мрежа тивко и незнајно цензурирала одредени постови и профили поврзани со скандалите на Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Како ќе изгледа оваа промена на Твитер?






„Твитер работи на ажурирање на софтверот што ќе го прикаже вистинскиот статус на вашата сметка, за да знаете јасно дали сте банирани во сенка, причината зошто и како да поднесете жалба“ , кратко напиша Маск во четвртокот.

Маск беше главниот виновник кој дозволи да бидат објавени наодите на новинарот Мет Таиби за Џо Бајден. Новинарот ги објави точните линкови од статија на Њујорк Пост кои требало да бидат избришани, односно да станат невидливи по барање на Демократската партија за која се тркаше Бајден на изборите.

Во претходниот модел на Твитер, модераторите имале слобода без знаење на лицето чиј е профилот да ги направат невидливи некои од неговите постови, да направат тие да не можат да бидат пребарувани, ниту да се појавуваат во „трендинг“ списокот.

МАСК ОБЈАВИ КАКО СЕ БРИШЕЛЕ ДОКАЗИ ЗА БАЈДЕН НА ТВИТЕР Белата куќа реагираше, „тоа е интересна случајност“

 

Поврзани содржини