НЕМА ВЕЌЕ ПРАВНИ ЛАВИРИНТИ, ИЗГОТВЕНИ 1.032 РЕШЕНИЈА Град Скопје ќе мора да издава документи со уредно темпо

Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти. Го враќаме редот, одговорноста и навременото постапување. Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни. Тоа е принцип од кој нема отстапување, исто како што беше ветено во мојата изборна програма, напиша градоначалникот на Скопје.

540

Градот Скопје е целосно ставен во служба на граѓаните, изготвени се 1.032 решенија, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Во текот на денешниот ден потпишав вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина. Ова е јасен показател дека институциите работат со динамика која им доликува на граѓаните.






Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано  уредно темпо.
Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници.

Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти. Го враќаме редот, одговорноста и навременото постапување. Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни. Тоа е принцип од кој нема отстапување, исто како што беше ветено во мојата изборна програма.

Почитувани, правиме сериозни напори за зголемување на приходите на Градот, со цел навремено подмирување на обврските во интерес на сите граѓани. Апелираме до сите физички и правни лица да ги исполнуваат своите обврски кон Град Скопје навремено и одговорно. Време е сите да дадеме свој придонес. Заедно, да го придвижиме Скопје напред“, објави Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини