Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот профил на Фејсбук објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/Алијанса за Албанците и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.
„Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од функцијата координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците“, напиша Реџепи.
Дејствувањето на пратениците на Алтернатива, вели тој, ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.
„Почит до сите пратеници на Коалицијата и ви благодарам за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи“, напиша пратеникот Скендер Реџепи.