НЕМА ВЕЌЕ МАМЕЊЕ СО РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ Ќе се инсталира нов централизиран систем за читање на табличките на возилата

Новиот систем за видеонадзор опфаќа систем за видео надзор со 350 различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.

679

Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видеонадзор и читање на регистарските таблици на граничните премини, што ќе се инсталира во нередниот период на сите гранични премини во земјата.

Вредноста на системот е 928.500 евра. Тој опфаќа систем за видеонадзор со 350 различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.






Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, новиот систем за видеонадзор ќе се  имплементира во рок од една година на 40 локации, на сите гранични премини.

Имплементацијата на овој информатички систем е во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а за потребите на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа.

 

Поврзани содржини