НЕМА ВЕЌЕ ЛЕТОВИ НА „ВИЗЕР“ ЗА КЕЛН, КОПЕНХАГЕН И ЗА СТОКХОЛМ Повеќе летови за Дортмунд

Aвиокомпанијата ќе ги зголеми летовите од и до Дортмунд. Така во ноември и декември ќе лета 6 пати неделно, а околу Нова година ќе лета секој ден до оваа дестинација.

1,418

Авиокомпанијата „Визер“ од вчера откако стапи на сила зимскиот распоред на летање укина 3 авиолинии од Скопскиот аеродром. Нема да лета за Келн, Копенхаген и за Стокхолм.

Авиокомпанијата соопшти дека летот до Келн се укинува поради високите давачки за услуги од страна на германските власти. Меѓутоа авиокомпанијата ќе ги зголеми летовите од и до Дортмунд. Така во ноември и декември ќе лета 6 пати неделно, а околу Нова година ќе  лета секој ден до оваа дестинација.






За Шведска авиокомпанијата ќе ги реализира летовите до аеродромот во Малме.

 

Поврзани содржини