НЕМА ВЕЌЕ КОЛЕНИЧЕЊЕ, ТОА ГИ БОЛИ! Ковачки вели дека бугарските медиуми ја извртуваат сликата за ракувањето на Мицкоски и Борисов
Македонија конечно води проактивна, самостојна и проевропска политика – но на македонски начин, со дигнитет. И тоа ги боли! Затоа што по години на слугување, конечно има држава што кажува „не“, напиша Ковачки на својот Фејсбук профил коментирајќи ги насловите во бугарските портали кои ја коментираат средбата меѓу македонскиот премиер и лидерот на бугарската партија ГЕРБ.
Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека бугарските портали ја извртуваат сликата од средбата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и лидерот на бугарската ГЕРБ Бојко Борисов на самитот на Европската народна партија во Валенсија.
Ковачки вели дека бугарската страна ја боли тоа што Македонија веќе не коленичи пред бугарските барања и дека, како што објави „им недостастува Заев“.
„Кога ќе ја видиме насловната страна од бугарски портал со зборовите „Мицкоски со длабок поклон пред Борисов“, првата мисла е неспорна, колку всушност им недостасува Заев. Да не се лажеме, ова е уште една евтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност.
Но, тие времиња завршија. Нема веќе коленичење, нема поклони, нема откажувања од себе. Македонија никогаш погорда, цврсто чекори напред, работејќи да ги оствари само своите, а не туѓите интереси! Македонија конечно води проактивна, самостојна и проевропска политика – но на македонски начин, со дигнитет. И тоа ги боли! Затоа што по години на слугување, конечно има држава што кажува „не“, напиша Ковачки на својот Фејсбук профил.
Според Ковачки ова не е првпат да биде дискредитиран премиерот на Македнија и тоа зброува за „туѓите планови“.
„И секој пат кога се обидуваат вака ниско да го дискредитираат премиерот, само потврдуваат дека Мицкоски е проблемот за нивниот долгогодишен план на асимилација. Нека си прават монтажи, нека си прават илузии – Македонија ќе оди напред. А тие, како што рековме, ќе си останат тоа што се“.