НЕМА ВЕЌЕ КАФЕАНИ И ПРОСЛАВИ Арсовска даде отчет што сработела за 82 дена

Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа, рече Арсовска.

2,702

Изминатите 82 дена беа доволен период да се покаже и докаже дека со искрен пристап и напорна работа, администрацијата во служба на граѓаните ќе овозможи враќање на довербата, со спроведување проекти за поубав град, град во кој видливи ќе бидат позитивните промени за добро на сите граѓани, рече на денешната прес-конференција градоначалничката на Скопје, Данела Арсoвска.

– Покрај нападите кон мене во изминатиов период од луѓето кои потрошија милиони од средствата на скопјани за свои лични хирови за прослави по кафеани, а при тоа не исполнија ни 5% од она кое го ветуваа 4 години, јас можам пред скопјани да потврдам дека таквите денови се веќе минато. Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа – истакна таа.






Арсовска додаде дека заедно и со поддршка на граѓаните, Скопје ќе се раководи одговорно, транспарентно и во служба на сите граѓани.

– Парите на граѓаните нема да се трошат на прослави, кафеани, и луксузирање од поединци. Нема да се злоупотребуваат привилегиите, поради кое однесување Градот е оставен со милионски долгови – нагласи Арсовска.

За еден од приоритетните проекти, чистењето на дивите депонии на територијата на Скопје, таа потенцираше дека во овие 82 дена се исчистени над 150 диви депонии, од кои 120 се детектирани за време на кампањата, но и диви депонии за кои пристигнале пријави од граѓани.

– За овие 82 дена успеавме да исчистиме над 150 диви депонии, покрај мапираните 120 кои беа детектирани за време на кампањата. За прв пат по децении во Скопје се спроведe акција за чистење на дивите депонии каде што се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните. За да им овозможиме увид на граѓаните креиравме наменски линк со мапираните диви депонии, а воедно и почнавме со постапување по пријави за нивно чистење. Оваа акција спроведена од град Скопје на чистење на диви депонии е најмасовната акција од овој тип која била спроведена некогаш во Македонија – рече Арсовска.

На дел од површините каде што постоеле диви депонии планирани се нови зелени површини, а Градот започнал и со зачестени контроли на редовен и вонреден неселективен инспекциски надзор и воспоставување системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое загадува и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, почвата и подземните води со фрлање и согорување на опасен отпад и шут, ќе биде казнето со високи глоби.

– За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните. Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува со имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, снимање со дрон со цел детекција на депонии и обиди за нивно палење, но и активен систем за пријави од граѓани со цел итна реакција за превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување – додаде таа.

Поврзани содржини