НЕМА ВЕЌЕ ИГЛИ И БОЦКАЊЕ Бил Гејтс финансира развој на лепенка-вакцина

Новата технологија се базира на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Технологијата долго време ја поддржуваат глобалните здравствени експерти поради нејзиниот потенцијал да го зголеми опфатот со вакцинација против смртоносни болести.

263

Под покровителство на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс произведена е иновативна фластер-вакцина. Фондацијата инвестираше 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија Микрон Биомедијал за развој на масовна примена на овие вакцини без употреба на инјекции.

Новата технологија се базира на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Технологијата долго време ја поддржуваат глобалните здравствени експерти поради нејзиниот потенцијал да го зголеми опфатот со вакцинација против смртоносни болести.






Фластер- вакцината е полесна за транспорт и за администрирање од традиционалните вакцини, особено во посиромашните земји, каде што вакцинирањето на децата останува предизвик. Сепак, пречка е зголемувањето на производството.

Во тест вакцинацијата на возрасни и новороденчиња во Гамбија оваа година, технологијата за вакцина на Микрон против сипаници и рубеола се покажа како безбедна и ефикасна како и традиционалната вакцина и произведе сличен имунолошки одговор. Вакцината е произведена од Институтот за серум во Индија.

-Технологијата може да помогне да се отстранат клучните бариери за искоренувањето на сипаниците и рубеолата на глобално ниво – истакнува Џејмс Гудсон, постар научник во одделот за имунизација во американскиот Центар за контрола и превенција на болести, партнерска институција на Микрон.

Оваа вакцина ја елиминира потребата од ладен мост при транспортот, а примената не бара здравствен работник. Може да им помогне и на оние кои имаат страв од игли, објави компанијата.

Финансирањето ќе овозможи развој на производство на десет милиони фластери годишно за поголеми клинички испитувања и поширока употреба.

Поврзани содржини