НЕМА ВЕЌЕ ЈАДЕЊЕ „ПУТИН“! Специјалитет нападнат поради името кое асоцира на Владимир Путин

Ресторан во Париз бил принуден да понуди објаснување откако клиентите погрешно разбрале дека неговото име, а истовремено и главниот специјалитет, се инспирирани од рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за пржени компирчиња со сирење и сос

485

Ресторанот наречен „Куќата на путин“ (La Maison de la Poutine), се соочи со низа критики и недоразбирања од јавноста, по руската инвазија на Украина од 24 февруари. Рускиот претседател е нашироко осуден за неговите постапки од светските лидери. Верувајќи дека е така, некои луѓе го навредувале „Мејзо де ла путин“, па дури и му се заканувале на ресторанот за истоименото јадење, како што велат на Твитер.

Сепак, јадењето „путин“ (Poutine) не е именувано по Путин. Се работи за пржени компирчиња со сирење и сос, коешто е особено популарно во Канада, но и во Франција и на други места низ светов. Специјалитетот, најверојатно потекнува од 1950-тите или 60-тите, од франкофонски Квебек, Канада.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини