НЕМА ВАКЦИНИРАН ПОЧИНАТ ОД КОРОНА Сите 25 починати од неделава не биле имунизирани

Во периодот 06 до 12.08.2021 година, позитивно се тестирани 3.497 во земјава. Од нив 450, односно 12,8% биле целосно вакцинирани. Голем процент, дури 87,1% или 3.047 граѓани од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

816

Секој петок Министерството за здравство ќе објавува анализа за претходната недела за состојбата со процентот на заболени и починати од ковид-19 меѓу вакцинираните. Во оваа анализа за вакцинирани ќе се сметаат лицата кои примиле две дози и кои се заразиле најмалку по 14 дена од примањето на втората доза од вакцината.

Во периодот 06 до 12.08.2021 година, позитивно се тестирани 3.497 во земјава. Од нив 450, односно 12,8% биле целосно вакцинирани. Голем процент, дури 87,1% или 3.047 граѓани од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.






Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува првата анализа. Во период од една седмица на територија на целата земја починале 25 лица од ковид-19, а ниту еден од нив не бил вакциниран.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, дека секоја вакцина која ја има на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Поврзани содржини