Триесет и деветгодишен гевгеличанец со иницијали Т.И. синоќа бил пронајден починат во дворот од неговиот дом, соопшти МВР.
Случајот го пријавила Итната медицинска помош која пристигнала на местото, а лекар констатирал смрт без траги на насилство.
Од полицијата информираа дека извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.