НЕМА СТАБИЛНА ЕУ БЕЗ ЗАПАДЕН БАЛКАН Мицкоски и Милановиќ ги потврдија заедничките визии за иднината

Како што се посочува премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици.

137

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, гласи заклучокот денешниот работен ручек на македонскиот премиер Христијан Мицкоски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Македонија.

Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици.






„Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални перспективи и заеднички визии за иднината. Потврдена беше поддршката за европската иднина на Македонија и јасната перспектива за членство во Европската унија“, наведува Мицкоски.

Милановиќ, кој е во официјална посета на земјава, беше пречекан на скопскиот аеродром од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која имаше средба и заедничка прес-конференција.

Поврзани содржини