НЕМА СОЛИДАРНОСТ СО НЕВАКЦИНИРАНИТЕ Австријците кои не примиле вакцина одат под клуч
Оние кои се вакцинирани треба да се заштитат од вирусот. Не смее да има солидарност со невакцинираните кога станува збор за одење во изолација, рече канцеларот Шаленберг.
Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави дека Владата во недела ќе даде зелено светло за одлуката според која од понеделник во цела Австрија стапува на сила карантинот за невакцинираните лица, јавуваат локалните медиуми.
Шаленберг го изјави тоа во Инсбрук, каде се одржува прес-конференција по повод големата национална вежба „Blackout“, во која жителите на Австрија ја вежбаат реакцијата на масовниот енергетски инцидент, т.е. прекин на струја низ земјата.
Ден откако ваквата мерка беше воведена од Горна Австрија, една од поголемите сојузни покраини во Австрија, канцеларката вели дека е време за „национално решение“.
– Оние кои се вакцинирани треба да се заштитат од вирусот. Не смее да има солидарност со невакцинираните кога станува збор за одење во изолација – рече Шаленберг.
Во Австрија денеска се регистрирани дури 11.798 новозаразени лица, а министерот за здравство Волфганг Мукштајн претходно денеска потврди дека мерката со сигурност ќе биде воведена и во провинцијата Салцбург.
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 11 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза на вакцина.