НЕМА СМИСЛА ТАРАВАРИ ДА ПРЕГОВАРА СО ДУИ, А ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВРЕДИ Меџити побара од својот коалициски партнер да пресече

На прашањето дали е можна нова распределба на ресорите во Владата, бидејќи очигледно дека нема проблем во владината коалиција, туку меѓу Вреди и Таравари кој има пет пратеници, Меџити истакна дека е тоа прашање што треба да се упати до Таравари и додаде дека него го гледаат како дел од Вреди.

527

„Барам само да ги прекине преговорите со ДУИ. Нема смисла да води преговори со ДУИ и да биде дел од Вреди. Изјавите дека ако не се договори со Вреди дека ќе оди сам, а некаде ќе соработува со ДУИ, некаде со Вреди – тоа го нема во политичката теорија, а не, пак, во пракса. Тоа нема никаква смисла. Затоа барам со неговите партиски тела да ги преиспита овие одлуки и да бидеме на чисто“, вели Меџити од Вреди.

Таравари треба да пресече – дали е дел од ВЛЕН или е во преговори со ДУИ и Ахмети. И едното и другото не може. Ова денеска го побара лидерот на Демократско движење Изет Меџити од неговиот коалициски колега во Вреди, Арбен Таравари, по информациите дека тој е во комуникација со Демократската унија за интеграција.






– Преговори со ДУИ значи дека може да испорача фактори од таму и тогаш ќе се коси со политиките на Владата. И јас и тој сме избегале од ДУИ, кое не беше до ова дереџе и сега ДУИ што е на црните листи, со пола претседателство затворено за корупција, соработката со нив значи дека утре или задутре ќе треба да се испорачаат и фактори од таму оти тие ќе имаат некои барања – истакна Меџити.

На прашањето дали е можна нова распределба на ресорите во Владата, бидејќи очигледно дека нема проблем во владината коалиција, туку меѓу Вреди и Таравари кој има пет пратеници, Меџити истакна дека е тоа прашање што треба да се упати до Таравари и додаде дека него го гледаат како дел од Вреди. На инсистирање да одговори на тоа дали е прифатлива за Вреди можноста Таравари да излезе од коалицијата, а да остане во Владата, тој повтори дека очекуваат прво да одговори Таравари, а потоа тие ќе се произнесат.

– Барам само да ги прекине преговорите со ДУИ. Нема смисла да води преговори со ДУИ и да биде дел од ВЛЕН. Изјавите дека ако не се договори со ВЛЕН, дека ќе оди сам, а некаде ќе соработува со ДУИ, некаде со ВЛЕН – тоа го нема во политичката теорија, а не пак во пракса. Тоа значи пример во Сарај ќе се тепаме за избори, во друга општина да барам од членството да го поддржат Таравари. Тоа нема никаква смисла. Затоа барам со неговите партиски тела да ги преиспита овие одлуки и да бидеме на чисто. Имаме владина програма, важни проекти и што побрзо треба да се затворат овие дилеми – рече Меџити.

На новинарско прашање како ги коментира изјавите на Таравари дека токму тој има постојана комуникација со двајца експоненти од ДУИ, Меџити рече дека треба да се направи разлика меѓу комуникација и политички преговори.

Тој рече дека во Собранието може да има комуникација и со Муса Џафери, Фатмир Дехари, и со некој пратеник од Левица или СДСМ. На крајот, како што рече Меџити, ние не водиме војна, туку водиме политички битки и концепти.

Во однос на барањата на Таравари на локалните избори Вреди да одат со посебни советнички листи, Меџити рече дека предлогот бил надгласан од четирите субјекти во коалицијата.

– Неговиот предлог беше да се оди со посебни листи, но беше надгласан. Во изминатите години имало многу коалиции, но никогаш не се случило во Влада да се заедно, а на локални избори да одат со посебни листи и да се поделат. Тоа веќе не е во функција и не е во интерес на Вреди туку оди во прилог на друга политичка партија. Но, тоа не значи дека за други идеи може да гласаме и поинаку. Некаде нема да се согласувам со Касами, некаде со Ибраими, тоа е дел од демократијата, се вадат аргументите на маса и се гласа и кога ќе бидеш надгласан се почитува концептот што преовладува – одговори Меџити.

Поврзани содржини
na