НЕМА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ СО ДУИ НА ВЛАСТ Алијанса тврди дека гласовите се купуваат и се крадат
Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат, соопшти Алијанса.
Алијанса за Албанците смета дека не може да има слободни избори со ДУИ на власт.
„Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат“, соопшти Алијанса.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повика на брзи предвремени парламентарни избори со цел да се формира стабилна влада која ќе со соочи со предизвиците шти ни претстојат.