НЕМА СИЛА ШТО ЌЕ НЀ НАТЕРА ДА Ѝ СЕ ЗАКОЛНЕМЕ НА СЕВЕРНА Од Левица тврдат дека нивните советници постапуваат законски

Од оваа партија потсетија и на тоа дека Законот за локална самоуправа во себе го содржи името на Република Македонија.

939

Од Левица реагираат на инспекциската активност спроведена од Државниот инспекторат за локална самоуправа во македонските општини, каде заклетвите, т.е. свечените изјави на новите советници, се потпишани со името Република Македонија.

Од партијата тврдат дека нивните членови не го го прекршиле законот.






– Согласно член 5 од Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, Инспекторатот е надлежен да врши надзор над законитоста на прописите на општините и постапката за нивно донесување. Под прописи на општината законот подразбира: „статут, програми, планови, одлуки, решенија, заклучоци и други општи акти што ги донесува Советот на општината и актите со кои се воспоставува меѓуопштинска соработка, како и конкретните акти што ги донесува градоначалникот на општината за извршување на актите на советот“. Од наведениот законски текст произлегува дека заклетвата дадена од страна на советниците не претставува пропис донесен од општината, туку еднострана и деклараторна изјава на волја зад чија форма и содржина, пропишани со закон, стои со свој потпис советникот. Оттука, de iure и de facto, Инспекторатот воопшто не е надлежен да врши инспекциски надзор и да ја оценува содржината на заклетвата – се вели во соопштението испратено од Левица.

Од оваа партија потсетија и на тоа дека Законот за локална самоуправа во себе го содржи името на Република Македонија.

– Согласно воспоставена пракса во законодавниот дом на Републиката – да не се користи придавката „Северна“ во официјалните називи на правните акти каде сè уште не е извршена соодветна промена, и согласно уставниот принцип дека секој е должен да ги почитува законите – сите општини, градоначалници и советници се должни да го почитуваат системскиот Закон за локална самоуправа, кој се носи со 2/3 мнозинство, а во чиј член 38 сè уште изрично стои името на Република Македонија – додаваат од таму.

Од Левица се децидни дека не постои сила која ќе ги натера нивните советници да ѝ се заколнат на Северна.

 

Поврзани содржини