НЕМА ШТРАЈК Платите легнаа на сметките на вработените во Водостопанство

94

Исплатени се трите заостанати плати во Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информираше денеска Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една од трите заостанатите плати , а во текот на денешниот ден им се исплатени уште две заостанати плати“, соопшти ССМ.






На денешната разврска на проблемот со неисплатените три плати претходеше најава за штрајк.

Поврзани содржини