„НЕМА ШТО РУСИЈА ДА КАЖУВА ДАЛИ ТРЕБА ДА ИМА МИРОВНИ СИЛИ ВО УКРАИНА“ Макрон посочи дека војниците можат да бидат распоредени на стратешки точки
Москва се спротивставува на распоредувањето на мировници во Украина, но според Макрон, Русија нема право да одлучува за тоа.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера изјави дека Русија нема право да одлучува дали во Украина ќе бидат распоредени мировни сили или не.
– Повеќе европски и неевропски држави изразија подготвеност да учествуваат во евентуалното испраќање миротворци – истакна Макрон.
Тој додаде дека војниците би можеле да бидат испратени на стратешки точки во Украина за да вршат обука и за да покажат долгорочна поддршка за Киев.
Москва се спротивставува на распоредувањето на мировници во Украина, но според Макрон, Русија нема право да одлучува за тоа.
– Ако Украина побара присутност на сојузничките сили на своја територија, Русија нема право да одлучува дали ќе ги прифати или ќе ги одбие – посочи Макрон.
Воени претставници на поголем број држави на 20 март во Лондон ќе разговараат за формирање на оперативни мировни сили.