НЕМА ШЕГА СО БАЕРН Невакцинираниот Кимих казнет со речиси 800.000 евра

Раководството на германскиот првак се одлучи на таков чекор поттикнат од ситуацијата поврзана со својот играч Џошуа Кимих, кој во моментов е во карантин по близок контакт со лице заразено со ковид-19.

955

Изминатиов период има многу написи за Баерн Минхен и невакцинираните фудбалери, според пишувањата на Билд, се работи за петмина: Џошуа Кимих, Ерик Максим Чупо Мотинг, Серж Гнабри, Џамал Мусиала и Микаел Куисанс.

Весникот вели дека овие петмина во четвртокот биле повикани на состанок во тренинг центарот, не бил присутен само Џошуа Кимих кој по втор пат е во карантин поради контакт со позитивен на ковид-19.






Лидерите на Баерн Минхен ги известиле фудбалерите дека го почитуваат нивниот избор и право да не се вакцинираат, но ги предупредиле на последиците. Им било кажано дека нема да добиваат плата за периодот во карантин.

Во случајот на Џошуа Кимих, кој има плата од околу 20 милиони евра, и два пати беше во карантин, ќе биде удрен по џебот со околу 768.000 евра.

Исто така им било кажано дека можеби во иднина ќе бидат изолирани од останатиот дел од тимот за време на тренинзите.

Петмината фудбалери кои не сакаат да се вакцинираат биле изненадени од ваквиот став на Баерн, мислеле дека ќе добијат само лекција за тоа како треба да се вакцинираат, а не и за тоа да останат без плата или да тренираат сами.

Ваквиот потег сепак им се допаднал на останатите фудбалери кои дале зелено светло за чекорите кои се преземаат.

Поврзани содржини