НЕМА ШАНСИ ЗЕЛЕНСКИ ДА ОДИ ВО МОСКВА Предлогот на Путин за средба со Зеленски во Москва е неприфатлив за Украина
Најмалку 7 држави, меѓу кои Австрија, Ватикан и Швајцарија, како и 3 земји од Персискиот Залив се подготвени да бидат домаќин на евентуалната средба помеѓу претседателите Володимир Зеленски и Владимир Путин. Путин сепак продолжува да им се потсмева на сите со намерно давање неприфатливи предлози“, објави шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха.
Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха го оцени како неприфатлив предлогот на рускиот претседател за средба со украинскиот колега во Москва.
Тој наведе дека најмалку 7 држави, меѓу кои Австрија, Ватикан и Швајцарија, како и 3 земји од Персискиот Залив се подготвени да бидат домаќин на евентуалната средба помеѓу претседателите Володимир Зеленски и Владимир Путин.
„Тоа се сериозни предлози и претседателот Зеленски е подготвен за таков состанок во секое време. Путин сепак продолжува да им се потсмева на сите со намерно давање неприфатливи предлози“, објави Сибиха на Икс.
Претходно, Путин од Пекинг изјави дека изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски.
– Подготвен сум да се сретнам со него. Но, дали има смисла да се сретнам. Нека дојде Зеленски во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него – посочи Путин.