НЕМА ШАНСИ УКРАИНА БРЗО ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО Џонсон вели дека за ова Западот има зборувано со Путин

Сите отсекогаш велеа и ние јасно му ставивме до знаење на Путин дека нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО, признал британскиот премиер.

670

Британскиот премиер Борис Џонсон призна дека „сите отсекогаш велеа и ние јасно му ставивме до знаење на Путин дека нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО“, пренесува СкајЊуз. Оваа изјава доаѓа по неодамнешната онлајн-средба на Џонсон и останати западни сојузници со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Пак разговарав со Володимир вчера и секако сфаќам што тој вели за НАТО и за реалноста на таквиот став – изјави Џонсон.






На средбата, Зеленски предложил пред сојузниците Украина да се откаже од својата кандидатура за НАТО, што е клучното барање на Русија. Џонсон на ова одговорил дека, одлуката за тоа треба да ја донесе Украина и нејзиниот избран лидер, а дека Велика Британија тоа ќе го поддржи.

Во меѓувреме, преговорите за прекинување на огнот меѓу Украина и Русија имаат одреден напредок. Зеленски синоќа изјави дека преговарачките позиции сега „звучат пореални“.

Поврзани содржини