Нема санкции за „Black Friday“, инспекторите не нашле неправилности

Моментално се обработуваат уште некои постапки во делот на попустите што беа забележани на „Black Friday

377

Државниот пазарен инспектор во петокот, за време на акцијата „Black Friday“ изврши инспекциски надзори во моловите на територија на цела држава. Неправилности и големо отстапување немаше. Ова на денешната прес-конференција го соопшти раководителот на Инспекциски надзор Скопје Мери Проја Продановска, одговарајќи на новинарско прашање колку и какви неправилности имало за време на „Black Friday“.

– Моментално се обработуваат уште некои постапки во делот на попустите што беа забележани на „Black Friday – рече Продановска.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Бухова – Сотирова, пак, изјави дека немаат ингеренции да постапуваат по санкционирање на мерките во однос на почитување на ЛЗО-опрема (лична заштитна опрема) во моловите и сите правни субјекти кои ги инспекторира ДПИ.

 

 

Поврзани содржини