НЕМА РОК ЗА ДАТУМОТ Франција е посветена на македонската евроинтеграција
Амбасадорот појасни и дека во наредните шест месеци Франција ќе организира Конференција на Западен Балкан.
Западниот Балкан е во приоритетите на француското претседавање со Европската Унија, а тоа се однесува и на евроинтегративниот процес на Македонија, Сирил Бомгартнер.
Тој истакна дека Франција ќе има конструктивен пристап кон процесот кој на Македонија ќе треба да ѝ обезбеди датум за отпочнување на преговори за полноправно членство во Унијата,
– Во однос на проширувањето и членството на Република Северна Македонија, за оваа тема нема конкретен рок, бидејќи овој рок зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но постојано ќе се придружува земјата со француското претседателство и со трите други засегнати институции за да може работите конструктивно да напредуваат и во добра насока, за да може, колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок – изјави Бомгартнер.
Амбасадорот појасни и дека во наредните шест месеци Франција ќе организира Конференција на Западен Балкан.