НЕМА РИЗИК ЗА БУЏЕТОТ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ Досега се префрлени три транши во износ од 125,7 милиони евра
Доколку некоја банка направи погрешна проценка, комерцијалната банка има обврска да го врати кредитот на Развојна банка, односно во буџетот - рече Димитриеска-Кочоска.
Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои транспарентно се објавени и нема ризик врз буџетот, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување на Радио Лидер.
– Условите под кои се одобруваат кредитите се транспарентно објавени. Парите не ги дава Развојната банка, туку комерцијалните банки кон крајните корисници – компаниите. Кредитите ги одобруваaт комерцијалните банки, тие процесираат и ризикот е на банките. Доколку некоја банка направи погрешна проценка, комерцијалната банка има обврска да го врати кредитот на Развојна банка, односно во буџетот – рече Димитриеска-Кочоска.
За домашните компании од унгарскиот заем што го обезбeди Владата се предвидени 250 милиони евра. Средствата се пласираат кон домашните компании преку комерцијалните банки. Досега се префрлени три транши во износ од 125,7 милиони евра.