Нема решение за Законот против коцкање и по една ипол година

Од оваа граѓанска иницијатива објаснуваат дека претходната влада, која тие ја опишуваат како нова, но со стари актери, не успеа да ги одобри законски измени што ги бараа тие.

571

Движењето против коцкање бара целосно затворање на игрите на среќа и подготвување на нов закон за нивната дејност.

Од оваа граѓанска иницијатива објаснуваат дека претходната влада, која тие ја опишуваат како нова, но со стари актери, не успеа да ги одобри законски измени што ги бараа тие. Тоталното затворање беше ветување во случај иницијативата да пропадне, за време на последниот мандат на Собранието, објави Алсат.






– Ситуацијата е хаотична и излезе од контрола, затоа очекуваме да го реализираат со закон она што тие самите го кажаа, сега да го реализираат со закон. Иако претходниот состав на Парламентот ветуваше постигнување договор со коалицијата на СДСМ, на три километри оддалеченост од населените места, тоа беше услов и од нас и од владејачките партии, доколку не помине законот, по распуштањето на Собранието, ние како Движење против коцкање бараме целосно затворање. Потоа нека донесат закон со кој локалите кои ги исполнуваат условите да можат да отворат игри на среќа – велат од Движењето против коцкање.

Поврзани содржини