НЕМА РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ ПРЕД ИЗБОР НА ВЛАДА ВО СОФИЈА Амбасадорот Ангелов бара да се исполни Договорот за добрососедство

Амбасадорот појаснува дека Бугарија во Уставот како и Франција не признава малцинства, сите граѓани се еднакви пред законот, односно не признаваме колективни права, секој има индивидуални права  да се чувствува како што сака и ние тоа не меже да го забрзаниме, ниту правото да се здружува.

219

Треба да оставиме да се формира владата, за да се дојде до решение за разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

– Разговорите продолжуваат, тие никогаш не запреле и се водат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи. Се надевам дека ние ќе добиеме нова влада. Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Северна Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение – изјави Ангелов,  при посетата на Штип.






Во врска со 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување на правата за здружувањето на македонското малцинство во Бугарија и негирањето на македонско малцинство, како и на инсистирања на Софија за почитување на правата на бугарското малцинство во земјава, Ангелов рече дека проблемот е што Договорот за добрососедство од 2017 година не се исполнува од македонска страна, но и, како што вели, дека нема претензии од Бугарија за бугарско малцинство во земјава.

– Договорот за добрососедство не се исполнува и тука е целиот проблем. Ние бараме тој да започне целосно да се исполнува во сите аспекти. Бугарија во Уставот како и Франција не признава малцинства, сите граѓани се еднакви пред законот, односно не признаваме колективни права, секој има индивидуални права  да се чувствува како што сака и ние тоа не меже да го забрзаниме, ниту правото да се здружува. Тука има уште една неоснована теза дека ние никогаш не сме претендирале дека има бугарско малцинство во С Македонија – рече амбасадорот Ангелов.

Поврзани содржини