НЕМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Мицкоски вели дека односите со Вреди се одлични

Односите со коалицискиот партнер Вреди се одлични, рече премиерот на прес-кофенреција во Владата.

214

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

– Односите со коалицискиот партнер Вреди се одлични  – рече Мицкоски.






Изјавите на премиерот доаѓаат по изјавата на вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити кој обвини дека министерот Таравари сè уште не расчистил дали останува со Вреди или гледа можност за соработка со ДУИ.

Таравари најави дека во врска со ова ќе одговора на новинарски прашања околу 13 часот.

Поврзани содржини