НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ САМИТ НЕМА РАМПИ ЗА ИНВАЛИДИ Израелска министерка во количка не можела да присуствува
Карин Елхарар чекала два часа пред вратите на COP26 самитот во Глазгов, а потоа решила да се врати во својот хотел во Единбург кој бил оддалечен 80 километри.
Израелска министерка морала да чека два часа пред влезот на COP26 самитот, а потоа да се врати во хотелот во Единбург бидејќи немало соодветна рампа за инвалиди во објектот, а сè додека рампа не биде обезбедена Израел нема да учествува, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет.

„Сакаме Самит на COP кој е инклузивен и каде сите се добредојдени“, напиша тој на социјалните мрежи.
А на Твитер се огласи и самата министерка Карин Елхарар која напиша дека е „тажно“ што ОН „не обезбедува пристап до своите настани“.
Џејмс Клеверли, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство, рече дека е „длабоко разочаран и фрустриран“ што немало соодветен пристап за г-ѓа Елхарар да може да присуствува на Самитот. Тој соопшти дека за ова е разговарано и оти таа ќе може да присуствува на денешната сесија, пренесува Би-Би-Си.
Официјалната израелска делегација соопшти дека за инцидентот бил информиран и британскиот премиер Борис Џонсон кој ја поканил да присуствува на денешната средба меѓу двајцата премиери.