НЕМА ПУТИН ДОВОЛНО НОВИЧОК ДА ГИ ОТРУЕ СИТЕ Руската новинарка која лани упадна во емисија повторно распали по рускиот лидер

Мислам дека Путин нема доволно (нервен гас) Новичок за сите негови противници. Бидејќи кога започна војната, многу луѓе почнаа да зборуваат против режимот и уште повеќе ќе го сторат тоа, вели Овсјаникова во неодамнешно интервју за Скај Њуз.

459

Новинарката која лани во март упадна во емисија на руската државна телевизија со плакат на кој пишуваше „Не аа војната, прекинете ја војната“, сега во интервју за Скај Њуз вели дека „Путин нема доволно нервен гас новичок за да ги отруе сите свои критичари“.

Познатата Марина Овјсаникова, која сега е дисидентка зборуваше за Путин, Навални и војната во Украина. Таа уште се наоѓа во Париз и се плаши за нејзиниот живот откако избега пред да биде уапсена. Осудена е на парична казна од 30.000 рубљи и покрената е постапка за неа.






 – Мислам дека Путин нема доволно (нервен гас) Новичок за сите негови противници. Бидејќи кога започна војната, многу луѓе почнаа да зборуваат против режимот и уште повеќе ќе го сторат тоа – рече таа.

 Новичокт беше користен во труењата во Солсбери во 2018 година и за напад на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во 2020 година.

 Никој нема да го отруе Путин, само ќе му речат да си оди

 Овсјаникова изрази надеж дека рускиот претседател би можел да биде соборен од оние околу него и се осврна на неодамнешните критики на Путин од страна на водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин.

 – Мислам дека Украина ќе почне да победува во војната и тогаш ова само ќе ги подели елитите. Погледнете што се случува сега… што вели Пригожин. Пригожин проговори. А и (Рамзан) Кадиров исто така кажува нешто друго. И се надевам дека системот ќе се распадне одвнатре – вели поранешната новинарка во Канал Еден.

 На прашањето дали е можно руските елити да го соборат Путин, Овсјаникова  рече дека со оглед на тоа што опозицискиот лидер Алексеј Навални е во затвор, „нема лидер кој би можел да ги консолидира луѓето“.

 – Нема активна организација. Затоа мислам дека елитите ќе се поделат и добро сега, не знаеме – ова можеби не е класичен државен удар. Никој, веројатно, нема да го убие или отруе Путин, туку некој од неговиот близок круг може да дојде кај него еден ден и да му каже, Владимир, ја губиме војната, време е да си одиш.

 – На последниот ден од војната, кога Русија ќе ја изгуби војната, ова ќе биде неговиот последен ден. Ова е јасно. Тој се плаши за својот живот. Тој е во својот бункер. Тој е изолиран – додава Овсјаникова.

 Смртта на Навални нема да биде доволна за Русите да излезат на улица

 За неа Навални е „херој“, но рече дека дури и неговата смрт нема да биде доволна да ги изведе луѓето да протестираат на улиците.

 Таа, исто така, се плаши за неговото влошено здравје:

 – Знаеме дека го мачат пред очите на светот. Не дај Боже да умре. Но, мислам дека тоа нема да предизвика масовни протести, бидејќи треба да разберете дека рускиот народ е заплашен и нема ништо што ќе ги натера луѓето да излезат на улица. Полицијата е насекаде, а вие само ја кревате главата од земја и животот ќе ви се преврти – објаснува новинарката во интервјуто.

 Се чувствував принудена да протестирам против „чадот и огледалата“

 Овсјаникова  се осврна и на притворањето на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија, опишувајќи го како начин на Путин да испрати „сигнал“ до странските новинари да останат надвор од неговата земја.

 Таа вели дека лани излегла со транспарентот на телевизија бидејќи се чувствувала принудена да дејствува откако видела дека започнува руската окупација на Украина.

 – Кога почна војната не можев да го тргнам погледот. Се пролеа крв. Имаше милиони бегалци. И можев да го видам сето тоа на моите екрани. Но, ова не го кажуваше пропагандата (на Путин) составена од  чад и огледала. Можам да кажам дека војната ми стана точка од која нема враќање и дека повеќе не можев да молчам. Чувствував дека живеам во паралелна реалност. Дека земјата оди кон стоотстотен тоталитаризам.

НЕ ЗА ВОЈНАТА, ТИЕ ВЕ ЛАЖАТ Жена упадна во програмата на руската државна телевизија (ВИДЕО)

 

 

 

Поврзани содржини