НЕМА ПРОМЕНИ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО ЕУ Лагард смета дека има голем притисок на инфлацијата
Претседателката на европската централна банка ги спомена климатските промени кои влијаат на цените на храната, а како притисок врз инфлацијата ги спомена и геополитички тензии како и можните повисоки царински стапки на САД, ако Доналд Трамп биде избран за претседател на САД.
Европска централна банка (ЕЦБ) не ги пр0мени каматните стапки иако се очекуваше. Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард изјави дека има високи ценовни притисоци кои влијаат на инфлацијата, а ги спомена и и потенцијалните царински ризици кои влијаат на извозот.
ЕЦБ ја задржа депозитната стапка на 3,75%, стапката на рефинансирање на 4,25%, а стапката на маргинално кредитирање на 4,50%.
Лагард рече дека е потребно време за да се уверат дека инфлација е цврсто под контрола пред повторно да ги намалат стапките.
Таа посочи дека се неопходни дополнителни податоци за да се потврди тековниот дезинфлациски тренд и да се зајакне довербата на ЕЦБ. Исто така предупреди дека домашните ценовни притисоци остануваат високи и дека односите меѓу платите, профитот и продуктивноста додаваат несигурност.
-Инфлацијата би можела да биде повисока од очекуваното доколку платите или профитот се зголемат повеќе од очекуваното – рече таа.
Лагард ги спомена климатските промени кои влијаат на цените на храната, а како притисок врз инфлацијата ги спомена и геополитички тензии како и можните повисоки царински стапки на САД, ако Доналд Трамп биде избран за претседател на САД.