НЕМА ПРОМЕНА ВО ЗОНА „Д“ Од утре „Градски паркинг“ со ново работно време на јавните површини
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот, информираат од ЈП „Градски паркинг“.
Од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известуваат граѓаните дека од утре започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ова претпријатие.
– Работното време во зоните „А“, „Б“ и „Ц“ од понеделник до петок ќе биде од 07:00 до 21:00 часот, во сабота од 07:00 до 14:00 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона „Д“, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот – информираат од ЈП „Градски паркинг“.