НЕМА ПРОМЕНА ВО ВРВОТ Исланд останува најмирна земја, Македонија на 40 место

Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, тоа е второ најмало влошување забележано во досегашните истражувања.

556

Исланд е оценета за најмирна земја во светот во 2020 година, според податоците објавени во истражувањето на „Global Peace Index“, позиција кој ја држи од 2008 година, додека нашата земја се наоѓа на 40 место во ова рангирање.

Според истражувањето зад лидерот се Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија.






Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, тоа е второ најмало влошување забележано во досегашните истражувања.

Авганистан сè уште е најмалку мирна земја во светот. Понатаму, во годинешниот извештај, осум од десетте најмирни земји во светот се наоѓаат во Европа, што го прави тој континент најбезбеден регион во светот.

Босна и Херцеговина се наоѓа на 72 место, што е подобрување за две места во споредба со претходното истражување.

Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17 место. Македонија е на 40 место, Србија на 44, Албанија на 48, Црна Гора на 51 и Косово на 80 место.

Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти: општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација.

Поврзани содржини