Нема промена во работното време на угостителите, администрацијата останува дома

Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.

723

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на ковид-19 вирусот.

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.






– Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите – се вели во соопштението од министерството за здравство.

Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.

– Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати – порачуваат од МЗ.

Поврзани содржини