НЕМА ПРОМЕНА ВО КОВИД СТАТИСТИКАТА 17 починати и 482 новозаболени од коронавирусот
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 482 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, од коронавирусот починаа 17 лица, додека како оздравени се водат 280 пацинети.
Направени се 4.151 тестирањe, а регистрирани се 482 новислучаи на ковид-19: Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26, Кавадарци – 23, Прилеп и Штип по 20, Битола – 19, Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово по пет, Кичево и Ресен по четири, Гостивар и Македонска Каменица по три лица, Струга, Неготино, Радовиш,Виница, Кратово и Демир Хисар по две, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран по едно лице.
Регистрирани сe 280 оздравени пациент од Скопје – 124, Куманово – 46, Штип – 18, Велес – 15, Кавадарци – 14, Охрид – 13, Кочани – 12, Кичево и Македонска Каменица – по 6, Прилеп и Струмица – по 5, Струга, Свети Николе и Кратово – по 3, две лица во Битола, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип по едно лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12починати лица: 6 починати лица од Куманово (89, 85, 71, 71, 58 и 52), четири починати лица од Прилеп (85, 77 , 68 и 61) и по едно починато лице од Кавадарци (69) и Велес (62).
Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.
Направени се 4.151 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-69,
ЦЈЗ Тетово–61, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–173, Жан Митрев (Филип Втори)-100,Авицена-209, Биотек-259, Систина-69, лабораторија Лаор-246, Синлаб-20, Ремедика-19, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-443, ВФВ Медикал-67, Ели Медика-79,Ројал Медика –45, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.716.
Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 87.255, активни 3.150, Куманово 12.075, активни 474, Тетово 10.946, активни 102, Прилеп 9.363, активни 254, Гостивар 7.997, активни 40, Битола 7.335, активни 209, Велес 6.687, активни 331, Кавадарци 6.180, активни 185, Охрид 6.125, активни 199, Штип 6.054, активни 212, Струмица 5.881, активни 136, Кичево 4.074, активни 76, Струга 3.830, активни 40, Кочани 3.491, активни 167, Гевгелија 2.522, активни 83, Неготино 2.353, активни 24, Свети Николе 1.979, активни 71, Радовиш 1.581, активни 49, Ресен 1.574, активни 40, Крива Паланка 1.573, активни 121, Дебар 1.453, активни 6, Берово 1.227, активни 17, Делчево 1.141, активни 22, Виница 1.076, активни 34, Пробиштип 990, активни 65, Валандово 844, активни 17, Кратово 633, активни 39, Богданци 579, активни 24, Крушево 545, активни 15, Македонски Брод 476, активни 2, Демир Хисар 475, активни 34, Демир Капија 410, активни 1, Македонска Каменица 353, активни 46, Пехчево 319, активни 4 и Дојран 143, активни 3.