НЕМА ПРИЧИНА ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА Агенцијата за супервизија на осигурување бара да се донесе нов тарифник
АСО достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) смета дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.
– По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано – информираа од АСО .
Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
ПОСКАПЕ РЕГИСТРАЦИЈАТА НА ВОЗИЛА Погледнете колку ќе ве чини осигурувањето според новиот ценовник