НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО БОИНГОТ СО 242 ПАТНИЦИ? Повеќе од 100 тела се пренесени во болница

Скај Њуз јави дека според индиската полиција повеќе од 100 тела се пренесени во болница. Комесарот на полицијата во Ахмед Абад за Асошиејтед Прес изјавил дека се чини дека воопшто нема преживеани во несреќата.

1,999

Се чини дека нема преживеани во авионската несреќа, изјави комесарот на полицијата во Ахмедабас, Г.С. Малик, за Асошиејтед Прес.

Тој додаде дека со оглед на тоа што авионот се урнал во станбена зона со канцеларии, „некои локални жители исто така би загинале.






– Се утврдуваат точните бројки за жртвите – рече тој.

Некои медиуми во Индија пренесоа дека стравувањата се дека повеќе од 100 лица се мртви во ужасната несреќа.

Скај Њуз јави дека според полицијата во Индија повеќе од 100 тела се пренесени во болница.

Авионот oд типот Боинг 787-8 Дримлајнер се урна напладне кратко по полетувањето од аеродромот Ахмедабад со повеќе од 240 лица во него. Моделот се смета за еден од најнапредните во светот.

Експертите се загрижени во врска со тешката хаварија. Експертот за авијација Џулијан Бреј изјави дека пилотите извикале „помош“, но дека е необично ваквиот авион да има технички проблеми.

Џон Мекдермид, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Јорк со експертиза во безбедносното инженерство, за АП рече дека иако е прерано да се знае многу за причината за несреќата, на прв поглед се чини дека е многу изненадувачки.

Експертот вели дека ваквите авиони имаат многу можности за откажување на летот дури и во доцните фази од полетувањето, што, според него, значи дека проблемот се појавил „многу ненадејно во последниот дел од полетувањето, или кратко по полетувањето и бил доволно сериозен за да биде надвор од контрола“.

Поврзани содржини