НЕМА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ЛИБАН Израел ќе продолжи да го напаѓа Хезболах со полна сила

Новиот израелски министер за одбрана тврди дека Израел нема да се согласи на ниеден договор што не го гарантира правото на Израел да спроведува и да спречува тероризам на сопственото тло, како и да ги постигне целите на војната во Либан кои вклучуваат разоружување на припадниците на Хезболах и нивно повлекување зад реката Литани.

85

„Предупредувачките и силни акции, спроведени од израелската војска и од безбедносните агенции против Хезболах, како и елиминацијата на Насрала, се слика на победата и треба да се продолжат офанзивните активности за да се ослабат способностите на Хезболах и да се реализираат плодовите на победата“.

Ова го напиша израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, на социјалните мрежи, објави Тајмс оф Израел.






„Нема да има прекин на огнот или пауза во Либан. Ќе продолжиме да удираме по Хезболах со полна сила додека не се постигнат целите на војната. Израел нема да се согласи на ниеден договор што не го гарантира правото на Израел да спроведува и да спречува тероризам на сопственото тло, како и да ги постигне целите на војната во Либан кои вклучуваат разоружување на Хезболах и нивно повлекување зад реката Литани, како и безбедно враќање на жителите на север во нивните домови“, додаде тој во својата објава.

Кац беше назначен за министер за одбрана минатата недела откако Бенјамин Нетанјаху го отпушти Јоав Галант, наведувајќи ги како причина несогласувањата околу стратегијата.

Поврзани содржини