НЕМА ПРЕКИН НА ОГНОТ Израел продолжи со нови напади врз југот на Либан
Новите напади доаѓаат откако денеска највисоките израелски функционери го отфрлија повикот поддржан од САД за 21-дневен прекин на огнот.
Израелската војска соопшти дека извршува нови воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан доцна попладнево, откако највисоките функционери категорично го отфрлија повикот поддржан од САД за 21-дневен прекин на огнот.
„ИДФ (израелската војска) во моментов напаѓа терористички цели на Хезболах во јужен Либан“, се вели во соопштението на војската.