НЕМА ПРЕКИН НА ОГНОТ БЕЗ СПИСОК НА ЗАЛОЖНИЦИ Нетанјаху ги бара имињата на 33 лица кои ќе бидат ослободени

Нема да го спроведеме договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас, рече премиерот на Израел.

144

Израел нема да спроведе прекин на огнот во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од договорот, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Нема да го спроведеме договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас – рече Нетанјаху.






Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот, а шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размена на заложници кои Хамас ги држеше за палестински затвореници во израелските затвори, објави Тајмс оф Израел.

Вкупно 1.904 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори и логори за време на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, објави претходно денеска израелската влада. За возврат, Хамас треба да ослободи 33 од 98 израелски заложници за време на шестнеделната пауза во борбите.

Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа.

Поврзани содржини